Нови продукти на инвестициските фондови

Bez autora
May 31 2010

Со минимална заштеда од едно евро дневно за десет години на вашата сметка ќе легнат седум илјади евра. Ова е само еден од новите продукти што инвестициските фондови ги лансираат на пазарот на капитал. Со минимум 350 евра годишна уплата, со проекциите за приноси кои ги правиме, на десет години инвестирани 350 евра, ќе бидат некаде околу 7.000 евра. Сите родители ќе го направат годишниот инвестициски план, кога нивните деца се млади за со тој годишен инвестициски план нивните деца, понатаму да се запишат на некој елитен универзитет. По бумот во 2007 и лошата 2008 година, кај луѓето оптимизмот се враќа, но парите се инвестираат со повеќе анализи и стручни совети. Значи на принцип на инвестициски фонд, кај што оставам други луѓе да го менаџираат она што јас сум го вложил. Не сум вложил многу, но со добар консултант, брокер, ги оплодив парите. Ова е плус нешто ново дополнително, зошто да не.

Нови продукти на инвестициските фондовиСо минимална заштеда од едно евро дневно за десет години на вашата сметка ќе легнат седум илјади евра.

Ова е само еден од новите продукти што инвестициските фондови ги лансираат на пазарот на капитал.

„Со минимум 350 евра годишна уплата, со проекциите за приноси кои ги правиме, на десет години инвестирани 350 евра, ќе бидат некаде околу 7.000 евра. Сите родители ќе го направат годишниот инвестициски план, кога нивните деца се млади за со тој годишен инвестициски план нивните деца, понатаму да се запишат на некој елитен универзитет“, вели Александар Манев - Илирика Фунд Менаџмент.

По бумот во 2007 и лошата 2008 година, кај луѓето оптимизмот се враќа, но парите се инвестираат со повеќе анализи и стручни совети.

„Значи на принцип на инвестициски фонд, кај што оставам други луѓе да го менаџираат она што јас сум го вложил.

-Не сум вложил многу, но со добар консултант, брокер, ги оплодив парите.

-Ова е плус нешто ново дополнително, зошто да не“, велат граѓаните.Во регионот вложувањето во инвестициските фондови е во постојан подем. Во Бугарија секој жител има по 27 евра вложени во инвестициски фондови.

Во Хрватска 400 евра по жител, во Словенија 1.000 евра. За разлика од ова - секој Македонец има само по едно евро во инвестициски фондови, но многу повеќе во банките.

„Просечно по глава на жител излегува дека Македонецот има по 1.000 евра, заштеда во банка. Може да се заклучи дека има средства, меѓутоа очигледно е дека на луѓето им фалат дополнителни идеи за нивните средства“, изјави Коста Костадиновски - Илирика Фунд Менаџмент.

Зошто е подобро парите да се вложат во фондовите наместо во банки.

„Пред се банкарските камати се доста мали, често пати инфлацијата, оној невидлив данок кој ние секојдневно го плаќаме, ја троши таа камата, односно ја нарушува вредноста на парите. Приносите кон инвестициските фондови, праксата го има покажано низ годиниве е секогаш неколкукратно поголем“, додаде Александар Манев илирика.

Овие раздвижување во Македонија доаѓаат по еден подолг период на стагнација на пазарот на капитал.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik